4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобин ван Перси и официјално стана член на Фенербахче

Робин ван Перси и официјално стана член на Фенербахче

_84273406_rvp_new_getty

Холандскиот репрезентативец Робин ван Перси(31) од вторник и официјално е член на турскиот фудбалски гигант Фенербахче.

Откако ги помина лекарските прегледи, Ван Перси потпиша договор на три години, а на неговото претставување на стадионот на Фенер се собраа над 10.000 гледачи.

Финансиските детали од договорот не се објавени, иако медиумите наведуваат дека трансферот тежел 4,7 милиони евра.

„Сега сум дел од семејството на Фенер. Среќен сум што гледам толку прекрасни навивачи. Атмосферата е навистина прекрасна“, порача Ван Перси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП