9 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНикола Карабатиќ четири години во ПСЖ

Никола Карабатиќ четири години во ПСЖ

1376494-29526199-1600-900

Еден од најдобрите ракометари на светот 31-годишниот француски репрезентативец Никола Карабатиќ, повеќе не е клупски колега на капитенот на македонската селекција Кирил Лазаров, откако потпишал четиригодишен договор со францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Карабатиќ последните две години настапуваше за Барселона со која годинава ја освои Лигата на шампионите, а во Франција се враќа откако е завршен судскиот процес во кој беше обвинет дека во пролетта 2013 година во времето додека играше за Монпелје, бил вмешан во местење на резултат од француското првенство, а зашто позла имале обложувачи, меѓу кои и роднини на неколку ракометари. Карабатиќ во тој процес е казнет со глоба од 10.000 евра.

Во својата богата играчка кариера Никола Карабатиќ двапати е прогласуван за најдобар ракометар на светот, во 2007 и 2014 година, а во својата колекција има по три златни медали од светско првенство (2009, 2011 и 2015), и од европски шампионат (2006, 2010 и 2014), како и две олимписки титули од 2008 и 2012 година.

Во ПСЖ, Никола ќе игра со братот Лука Карабатиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП