Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) одлучи на љубители на репрезентативниот фудбал да им овозможи да купат по промотивна цена билет за натпреварот на Македонија против Шпанија.
Македонија е домаќин на една од најдобрите репрезентации во светот на 8-ми септември во Скопје, а промотивните цени важат до 25-ти август.
Најголемиот дел од билетите се со цена од 150 денари на источната и западната трибина, до 300 денари на северната и јужната трибина. Сосема мал дел од билетите ќе бидат со цена од 400 денари.
ФФМ се реши за овие популарни и исклучително ниски цени со цел да овозможи овој натпревар во живо да го гледаат што поголем број на љубители на фудбалот и тоа на ден кој е посебен за македонскиот народ, 8-ми септември, Ден на независноста на Македонија, се вели во соопштението.