20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ел Класико“ ќе се игра на 8-ми ноември

„Ел Класико“ ќе се игра на 8-ми ноември

el klasiko

Новата сезона во фудбалскиот шампионат на Шпанија ќе започне на 22-ри август. Актуелниот шампион Барселона и вицепрвакот Реал сезоната 2015/2016 ќе ја започнат на гостински терен.

Барса во дерби мечот на првото коло ќе гостува во Билбао кај Атлетик, додека Реал во Хихон ќе му се спротивстави на новиот прволигаш Спортинг.

Инаку првото „Ел Класико“, во новата сезона ќе се одигра на 8-ми ноември на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, додека Барселона ќе му биде домаќин на Реал на 2-ри април 2016-та година.

Сезоната во фудбалското првенство на Шпанија ќе заврши на 15-ти мај 2016-та година.

Примера, 1. коло

Атлетик Билбао – Барселона

Малага – Севилја

Рајо Ваљекано – Валенсија

Леванте – Селта Виго

Еспањол – Хетафе

Депортиво – Реал Сосиедад

Гранада – Еибар

Бетис – Виљареал

Спортинг Хихон – Реал Мадрид

Атлетико Мадрид – Лас Палмас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП