19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтрушкиот турнир ќе започне на 12-ти август

Струшкиот турнир ќе започне на 12-ти август

rakomet urnir

Меѓународен ракометен турнир „Струга 2015“ оваа година ќе се одржи по 43-ти пат, во периодот од 12-ти до 15-ти август. На игралиштето на Женска плажа во Струга оваа година ќе настапат екипи од пет држави, преставник на македонскиот ракомет ќе биде Зомимак, додека домаќинот Струга ќе игра ревијални натпревари.

Годинава на турнирот нема да учествуваат Металург и Вардар, па за трофејот ќе се борат Бешикташ од Турција, Бенфика од Португалија, Сесон од Франција, Ал Замалек кој е шампион на Египет, вице-шампионот на Романија – Динамо Букурешт, а од македонските претставници годинава за прв пат учествува Зомимак од Струмица.

Инаку и оваа година Агенцијата за млади и спорт (АМС) од својот буџет одвои 500.000 илјади денари во насока на поддршка и организацијата на турнирот, додека Владата на Република Македонија ќе започне со реновирање на отвореното игралиште во Струга и како прва фаза ќе ја изгради Јужната трибина која ќе биде со капацитет од околу 1.300 седишта, за во втората фаза да се оспособи Северната трибина, по што следува нивно покривање.

Група А: Сесон, Бенфика, Ел Замалек

Група Б: Бешикташ, Динамо Букурешт, Зомимак, Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП