19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕл Шарави отстапен на Монако

Ел Шарави отстапен на Монако

stefan el monako

Фудбалерот на Милан и репрезентативец на Италија, Стефан Ел Шарави (22), една година ќе игра во дресот на Монако, потврди францускиот клуб. Милан прифатил на една година да го отстапи Ел Шарави, а во договорот е вметната и клузула според која Монако за 18 милиони евра ќе може да го откупи во целост неговиот договор.

Ел Шарави кој е роден во Савона, кариерата ја започна во Џенова, а во 2011-та година се пресели во Милан. За седумкратниот европски првак Ел Шарави има одиграно 82 натпревари, на кои постигна 21 гол. Младиот напаѓач поради повредите ја прошушти речиси целата сезона 2014/2015.

Во дресот на италијанската репрезентација, Ел Шарави, има постигнато еден гол на 13 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП