27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусите се разделија со Фабио Капело

Русите се разделија со Фабио Капело

Fabio_Capello_28

Фабио Капело (69) повеќе не е селектор на Русија, откако со Фудбалската федерација на оваа земја договорил предвремен раскин на договорот.

Капело, кој со годишна плата од осум милиони евра беше најплатениот селектор во светот, се согласил Русите како обештетување за предвремен раскин на договорот да му исплатат 15 милиони евра.

Италијанскиот стратег изминатите месеци беше под постојан пристисок на руската јавност поради лошите резултати во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2016-та година.

Русија по шест одиграни натпревари во Г групата се наоѓа на третото место со скромни осум бодови и со скор од по две победи, порази и нерешени средби. На табелата во оваа група води Австрија со 16 бодови пред Шведска која има 12, а зад Русија се Црна Гора и Лихтенштајн кои имаат по пет бода, односно Молдавија со два бода.

Капело во кариерата бил тренер на Јувентус, Милан, Реал и селектор на репрезентацијата на Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП