3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарадона и 45.000 фанови го пречекаа Тевез (видео)

Марадона и 45.000 фанови го пречекаа Тевез (видео)

tevez boka

Речиси 45.000 фанови на Бока Јуниорс на легенадарниот стадион „Ла Бомбоњера“, во Буенос Аирес, го поздравија враќањето на Карлос Тевез.

Популарниот „Апач“ се врати во Бока Јуниорс по 11 години минати во странство, а меѓу присутните кои го поздравија неговото враќање бил и почесниот претседател и живата легенда на Бока и Аргентина, Диего Армандо Марадона.

„Навивачите се поистоветуваат со мене, а можам да ви кажам дека чувството е взаемно. Оној момент кога заминав од Бока размислував за враќањето овде. Ова е најдобриот ден во мојот живот“, рекол Тевез.

Напаѓачот својот роден град го напуштил на 20-годишна возраст, откако претходно настапил на преку 100 натпревари за Бока Јуниорс, постигнал 34 голови и освои три титули во три сезони (Копа Либертадорес, Копа Судамерикана и трофејот наменет за клупскиот светски првак).

Враќањето на Тевез ќе го чини клубот 6,5 милиони евра, сума која Бока Јуниорс на Јувентус ќе треба да му ја исплати до декември 2016-та година. Двата клуба покрај трансверот на Тевез договориле уште неколку работи: како дел од трансферот на Карлос Тевез, Јувентус ќе се засили со Гаудио Видал кој за сума од 3,5 милиони евра како позајмен фудбалер ќе игра за Јувентус, а доколку италијанскиот првак сака да го откупи неговиот договор во целост тогаш до април 2017-та година на Бока ќе треба да и исплатата 9,4 милиони евра.

Исто така за сума од по еден милион евра Јувентус ја обезбеди пол позицијата за евентуалното купување на Родриго Колман, Франк Себастијан Кристалдо и Адријан Адрес Кубас. Јуве до 31-ви декември 2017-та година ќе може да го купи Колман за 9,4 милиони, Кристалдо за 8,2 милиони, а Кубас за 6,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП