21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите кошаркари први во Ц групата на ЕП

Младите кошаркари први во Ц групата на ЕП

mladi kosarkari

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија, играчи до 20 години, го задржа максималниот ефект на Европското првенство во Сехешфехевар, Унгарија. По победите над Белорусија и Ерменија, младите македонски кошаркари во третото коло, во Ц групата, славеа над Швајцарија со 73:60.

Македонија до триумфот над Швајцарија ја предводеа Младеновски и Мекиќ со 16 односно 15 кошеви, двоцифрен број на поени, 11 постигна и Бакоч 11.

Македонската селекција со максимални три победи и шест бода го обезбеди првото место во групата Ц пред селекцијата на Белорусја со 5, Ерменија со 4 и Швајцарија со 3 бода.

„Црвено-жолтите“ заедно со Белорусија ќе играат во четвртфиналната фаза на шампионатот во новоформираната Ф група заедно со двете најдобри селекции од Групата Д, непоразената Шведска и домаќинот Унгарија.

Во втората рунда Македонија тим ги носи бодовите од победата против Белорусија, што ја става во позиција со само еден успех во новата рунда да обезбеди место во полуфиналето.

Четврфиналната рунда Македонија ја отвора против домаќинот Унгарија во среда, ден подоцна ќе игра против  Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП