5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар во Никозија ја отвора евро сезоната

Вардар во Никозија ја отвора евро сезоната

vardar-fudbal

Фудбалерите на Вардар, во вторник во Никозија, ќе го одиграат првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите (ЛШ). Противник на Вардар ќе биде кипарскиот првак АПОЕЛ, тим кој изминатите сезони е чест учесник и во фазата по групи во елитното натпреварување.

’Црвено-црните’ со огромна доза на оптимизам уште од неделата се во Никозија каде ги обавуваат последните подготовки пред натпреварот.

Тренерот Сергеј Андреев на располагање ги има сите фудбалери, најави офанзивен пристап најверојатно во формација 4-2-3-1, со Ивановски како најсигурен во нападот.

Уште пред заминувањето за Никозија шефот на стручниот штаб на Вардар прогнозираше дека шансите за пласман во наредното коло се 50-50, а како што рече „можеби мала предност има АПОЕЛ, но само поради искуството кое го има во ЛШ“.

Натпреварот помеѓу АПОЕЛ и Вардар ќе започне во 19 часот, а реваншот ќе се одигра наредната недела во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП