9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатрин Цетел ја заврши кариерата

Катрин Цетел ја заврши кариерата

cetel 002

Австријката скијачка Катрин Цетел (29), носителка на бронзен медал од Зимските олимписки игри во Сочи во 2014-та година, реши да стави крај на професионалната кариера.

Цетел која има и светска титула во супревелеслалом во 2009-та година, поради честите повреди реши да замине во пензија.

Катрин Цетел една деценија беше присутна во трките од Светскиот куп. Вкупно во кариерата возела 209 трки, а 50 пати се искачувала на победничкиот пиедестал, од кои девет пати на највисокото скалило.

Седум победи Австријката има забележано во велеслалом, а две во слалом, дисциплина во која на Светското првенство во 2011-та година го освои сребрениот медал.

Предвременото заминување во пеннзија на Катреин Цетел ќе биде голем удар за австриската репрезентација, која во кус период остана без неколку респектибилни имиња. Покрај Цетел кариерата ја завршија Никол Хосп, Марлис Шилд и Андреа Фишбахер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП