5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарњани во Бруклин, Андерсон во Вашингтон

Барњани во Бруклин, Андерсон во Вашингтон

alen anderson

Италијанскиот репрезентативец Андреа Барњани го напушти Њујорк и се пресели во Бруклин, додека Вашингтон потпиша договор со екс играчот на Цибона и Макаби, Алан Андерсон.

Барњани, првиот европски играч кој беше избран како прв пик на драфтот, по две сезони минати во дресот на Њујорк Никс, реши да ја смени средината но не и градот. Крилниот играч, кој од сезоната 2010/2011 нема одиграно повеќе од 35 натпревари во една сезона, се сели во Бруклин Нетс.

Италијанскиот репрезенттаивец минатат сезона, поради повреда на коленото, за Њујорк одигра само 29 натпревари на кои оствари просек од 14,8 поени по натпревар.

Бруклин го напушти Алан Андерсон кој се пресели во Вашингтон како замена за ветеранот Пол Пирс, кој уште минатата недела замина во ЛА Клиперс.

Андерсон кој има играно во Европа, во Цибона и Макаби, минатата сезона ја заврши со просек од 7,4 поени и 2,8 скока по натпревар. Тој со Вашингтон потпиша едногодишен договор вреден четири милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП