19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБеговиќ четири години во Челзи

Беговиќ четири години во Челзи

begovic celzi

Репрезентативецот на БиХ, Асмир Беговиќ, во понеделникот го официјализираше својот трансфер во Челзи. Екс голманот на Стоук со англискиот шампион потпиша четиригодишен договр.

„Пресереќен сум. По разговорот со Мурињо видов дека тука можам да остварам напредок во кариерата. Со нетрпение чекам да се запознаам со соиграчите“, рекол Беговиќ.

Беговиќ во Челзи ќе има жестока конкуренција во белгискиот репрезентативец Тибо Курота. Тој голот на Стоук го бранел на 172 натпревари.

„Сакам да им се забрагодарам на сите во Стоук, на претседателот, на семејството Коатес, Марк Хјуз и Тони Пјулис, тренерот на голманите Енди Кју, досегашните соирачи и особено навивачите. Уживав во Стоук, но оваа можност не смеев да ја испуштам“, рекол Беговиќ кој изминатите пет години беше дел од Стоук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП