10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШнајдерлин во Манчестер Јунајтед

Шнајдерлин во Манчестер Јунајтед

morgan 0333

Манчестер Јунајтед и Саутемптон го потврдија трансферот на Морган Шнајдерлин кој се сели на „Олд Трафорд“ за сума од 25 милиони фунти.

Шнајдерлин, кој во Саутемптон пристигна во 2008-ма година од Стразбур за 1,2 милиони фунти, минатата сезона одигра 30 натпревари. За седум години францускиот репрезентативец за Саутемптон одиграл речиси 250 натпревари.

Шнајдерлин е четвртото засилување за Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, претходно договори со „црвените ѓаволи“ потпишаа Мемфис Депај, Матео Дармијан и Бастијан Швајнштајгер, истовремено од клубот си заминаа Нани и Робин ван Перси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП