
Атлетико Мадрид, во пресрет на новата сезона, ги засили своите редови со Јаник Фереира Караско.


Атлетико Мадрид, во пресрет на новата сезона, ги засили своите редови со Јаник Фереира Караско.
Младиот белгиски репрезентативец со Атлетико потпишал петгодишен договор, а неговиот сега веќе поранешен тим Монако добил обештетување од 15 милиони евра и задржал 25 отсто од сопственоста врз фудбалерот.
Фереира-Караско е трето засилување за Атлетико ова лето откако претходно на „Винсенте Калдерон“ пристигнаа Џексон Мартинез од Порто и Лусијан Вијето од Виљареал.
Атлетико во летниот преоден рок го напуштија Миранда, Марио Манџукиќ и Арда Туран.