19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајнштајгер на чекор од „Олд Трафорд“

Швајнштајгер на чекор од „Олд Трафорд“

basti van gal

Манчестер Јунајтед е на пат да направи вистинска трансферна бомба, така што во своите редови ќе привлече една од ѕвездите на Баерн Минхен и националниот тим на Германија, Бастијан Швајнштајгер, пишува „ВВС“.

Според информациите на најавторитетното германско издание „Bild“, кои ги пренесе „BBC“ , халфот веќе се согласи да премине на „Олд Трафорд“ и се околу неговиот трансфер во тимот е договорено, па само претстои тој да биде официјално финализиран. Самиот играч пак се договорил за личните услови и ќе го парафира договорот за три години, а во секоја од овие три сезони тој ќе заработи по 10 милиони евра.

Двата клуба пак дошле до договор за цената на фудбалерот, но уште не е јасно која е точната сума што ќе влезе во касата на баварскиот тим. Во различни медиуми шпекулираат за сосема различни суми, но германското издание тврди дека во касата на Баерн ќе влезе сума меѓу 18 и 20 милиони евра.

Интересот на Јунајтед кон Швајни датира веќе подолго време и името на Германецот се поврзува со „Олд Трафорд“ уште пред летниот преоден рок да ги отвори вратите.

Луис ван Гал работеше со Германецот во периодот меѓу 2009-та и 2011-та, кога беше тренер на Баерн и добро ги познава неговите квалитети.

Тимот инаку дејствува внимателно во овој трансфер период, па во своите редови го привлече крилото од ПСВ, Мемфис Депај, а освен тоа се очекува да се финализира и трансферот на дефанзивецот Матео Дармиан кој пристигнува од Торино. Швајни се очекува да биде третото ново засилување на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП