18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарична казна за Карабатиќ

Парична казна за Карабатиќ

nikola002

Најдобриот светски ракометар, францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ е осуден дека во 2012-та година учествувал во местење на натпреварот меѓу Монпелје и Рен, кој неговиот тогашен тим Монпелје го загуби со 31:28.

Иако се шпекулираше дека ќе добие затворска казна, сепак судот реши да го казни Карабатиќ парично со 10.000 евра. Инаку обвинителството бараше тримесечна затворска казна и парична од 30.000 евра.

Покрај Никола Карабатиќ, во аферата местење беа приведени и неговиот брат Лука, францускиот репрезентативец Самуел Орумбија и поранешниот српски репрезентативец Младен Бојиновиќ.

Никола Карабатиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП