7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарсело во Реал до 2020-та година

Марсело во Реал до 2020-та година

marce dogovor

Бразилскиот репрезентативец Марсело го продолжи договорот со Реал до јуни 2020-та година, соопшти мадридскиот клуб на својата интернет страница.

Марсело во Реал пристигна во 2007-ма година од Флуминенсе, а неговиот претходен договор со „кралскиот клуб“ имаше важност до 2018-та година.

Минатата сезона во сите натпреварувања Бразилецот постигна четири гола на 53 одиграни натпревари.

Како играч на Реал, Марсело има освоено 10 трофеи, меѓу кои три во првенството на Шпанија и еден во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Бразил има одиграно 39 натпревари и постигнато четири голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП