11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарци оптимисти пред двомечот со АПОЕЛ

Вардарци оптимисти пред двомечот со АПОЕЛ

vardar nikozija

Фудбалерите на Вардар во вторник, во Никозија, ќе го одиграат првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите (ЛШ). Противник на македонскиот шампион ќе му биде АПОЕЛ, искусен тим кој речиси редовно игра и во фазата по групи во ЛШ.

И покрај неспорниот квалитет на Кипраните во „црвено-црниот“ табор се уверени дека двата тима имаат подеднакви шанси за пласман во наредната рунда.

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Сергеј Андреев, на прес конференцијата, истакна дека е задоволен како тимот ги одработил подготовките, иако смета дека за четири недели е краток период за тимот да ја достигне оптималната форма.

Рускиот тренер  истакна дека е задоволен од тоа како тимот ги одработел подготвките, особено делот во Австрија каде Вардар одигра четири контролни натпревари, за кои Андреев рече дека „резултатите биле во втор план“.

„АПОЕЛ е екипа која не игра исто кога е домаќин и кога гостува, сакам да кажам дека нивната игра многу се разликува кога игра во Никозија. Се разбира дека ние таму одиме да извлечеме поволен резултат. Ние два пати го гледавме АПОЕЛ на подготвките и видовме два различни стила, што значи дека не можеме воопшто да предвидиме во каков состав ќе играат против нас“, изјави шефот на стручниот штаб на Вардар, Сергеј Андреев, кој дополни дека во подготвителниот период најзадоволен е од она како во игра делувала дефанзивната линија на тимот.

Рускиот стратег истакна дека е задоволен од тоа како засилувањата се вклопиле во тимот истакнувајќи дека Валкоски, Фелипе, Николов веќе се избориле за место во првиот тим.

„Оваа генерација на фудбалери можат да го повторат успехот од пред една деценија кога Врдар беше на чекор до пласман во фазата по групи“, вели дело од таа генерација на „црвени-црните“, сега тренер во тимот Александар Васоски и дополнува.

„АПОЕЛ е тим кој заслужува почит и внимание, добро го анлизиравме противникот и мислам дека имаме реални шанси да го поминеме. Ние две години играме заедно и сметам дека шансите за пласман во наредната рунда се 50-50. Не треба да не залажува тоа што во фазата на подготвки АПОЕЛ три натпревари загуби со по три голови разлика, нивните реузлтати во подготвките не треба да не залажуваат, ние едноставно треба да ја играме нашата игра. АПОЕЛ редовно игра во фазата по групи во ЛШ, но исто така е и екипа која има слабости во својата игра, на тие слабости кои не сакам да ги откривам ние работевме во овој период“.

Вардар во своите редови има играч кој во минатото го носел дресот на АПОЕЛ и кој точно знае што ги очекува „црвено-црните“ во Никозија.

„Пред точно пет години бев играч на АПОЕЛ тој тим тогаш беше многу силен. Мислам дека тогашниот АПОЕЛ беше два пати посилен од сегашниот. Овој АПОЕЛ покажа многу слабости на подготовките во Полска, од четирите контролни средби на три загубија. Шансите се половични за пласман во наредната рунда, можеби мала предност имаат тие поради искуството. Не очекува пеколна атмосфера, но се надевам дека ќе извлечеме поволен резултат и дека ќе постигнеме гол во гости“, рече дефанзивецот на Вардар и репрезентативец на Македонија Бобан Грнчаров.

Првиот натпревар од второто квалификациски коло во ЛШ помеѓу АПОЕЛ и Вардар ќе се одигра на 14-ти јули во Никозија со почеток во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП