7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлучај „Дрон“: Три бода за Албанија, минус три за Србија

Случај „Дрон“: Три бода за Албанија, минус три за Србија

dron 00

Судот за арбитража во спортот (CAS), од прекинатиот квалификациски натпревар меѓу Србија и Албанија и ја додели победата со службен резултат 3:0 на албанската репрезентација, а во исто време на Србија и одзеде три бода.

CAS, исто така, одреди Србија два натпревара како домаќин да игра без присуство на публика и да плати парична казна од 100.000 евра.

Судот во Лозана ја отфрли жалбата на Србија, а ја прифати албанската, бидејќи како што се вели не бил пронајден ниту еден доказ дека Албанците одбиле да го продолжат натпреварот. Исто така, според Судот, прекинот настанал како последица на лошата организација на натпреварот и насилното влегување на дел од навивачите кои ги нападнале албанските репрезентативци.

Поради тоа, CAS смета дека Фудбалскиот сојуз на Србија е одговрен за прекинот на натпреварот кој се играше на стадионот на Партизан во Белград.

Албанците добија само парична казна од 100.000 евра, бидејќи Судот заклучил дека тие се виновни за дронот кој се појави на стадионот, а кој носеше знаме со националистички симболи.

За потсетување, кон крајот на првото полувреме на натпреварот кој се играше во октомври минатата година, над стадионот на Партизан, се појави дрон со знаме на „Голема Албанија“. Дефанзивецот на Србија Стефан Митровиќ успеа да го симне знамето по што дојде до мал инцидент меѓу играчите, а дел од навивачите влегоа на теренот.

Со оваа одлука, која треба да биде регистрирана и од страна на УЕФА, Албанија ќе се израмни на второто место на табелата со Данска, двете репрезентации имаат по 10 бодови, два помалку од лидерот Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП