9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија се сели во Париз!?

Ди Марија се сели во Париз!?

di ma

Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија е на пат да го смени својот тим втора година по ред.

Во минатото лето тој премина од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед, а сега се договорил со ПСЖ, тврди „Паризиен“.

Според информациите, францускиот шампион ќе плати 60 милиони евра на „црвените ѓаволи“, а Ди Марија ќе потпише договор за четири или пет години. За да се финализира трансферот, „светците“ го чекаат развојот на продажбата на Јоан Кабај во Кристал Палас за 14 милиони евра.

ПСЖ имаше интерес за услугите на 27-годишното крило и минатото лето, но тогаш Аргентинецот претпочита да игра во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед пак плати 75 милиони евра на Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП