27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛидерот на „Тур Д’Франс“ се повлече од трката

Лидерот на „Тур Д’Франс“ се повлече од трката

тур-де-франс

Лидерот на „Тур Д’Франс“, по шест етапи, Германецот Тони Мартин поради повреда се повлече од трката. Мартин, во четвртокот, се здобил со фрактура на клучната коска, успеал да ја заврши етапата, но поради сериозноста на повредата морал да се повлече од трката.

„Тешко е да се донесе ваква одлука, но мојата трка за оваа година е звршена. Лекарите го имаа последнот збор, морам да заминам на операција. Сакав да продолжам, дури и со ваква повреда, но едноставно тоа не беше возможно“, рекол 30-годишниот Германец.

Со повлекувањето на Мартин жолтата маичка ја презеде Британецот Крис Фрум, кој исто така во четвртокот имаше незгода, но без посериозни последици.

Седмата етапа на велосипедската трка околу Франција, која на програмата е в петок, ќе се вози од Ливароа до Фужер и е долга 190,5 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП