3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички ја мина Флора, Шкендија и Ренова испаднаа

Работнички ја мина Флора, Шкендија и Ренова испаднаа

Image00

Само Работнички од трите македонски екипи го мина првото квалификациско коло во Лига Европа.

Работнички во двомечот славеше над Флора Талин со 2:0 и ја надополни негативата од еден гол која ја имаше по првиот меч. Македонскиот вицепрвак на „Филип Втори“ до посакуваната предност стигна на почетокот од второто полувреме кога најпрвин Анене во 48-та, а потоа и Алтипармаковски во 54-та минута го совладаа голманот на Флора.

Нареден противник на Работнички ќе биде летонска Јиглава.

Шкендија во двете средби не загуби од Абердин, но шкотскиот тим оди во втората рунда благодарение на голот кој го постигна на првиот меч во Скопје и кој заврши 1:1.

Реваншот во Шкотска заврши без победник но и без голови, па во наредната рунда се пласира Абердин.

Молдавска Дачија беше пресилен ривал за Ренова и со вкупни 5:1 оди понатаму. Првиот меч Молдавците го добија со 1:0, а на домашен терен беа убедливи и славеа со 4:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП