6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас се договорил со Порто

Касиљас се договорил со Порто

iker-casillas-real-madrid_1mbija61g8nie1bv99m9ytdok9

Икер Касиљас ги прифатил условите кои му ги понудил Порто и се наоѓа блиску до трансфер во овој клуб, изјавил неговиот менаџер. Искусниот голман по повеќе од две децении ќе го напушти Реал кој планира на голманската позиција да го донесе Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед.

Според медиумите, Порто на Касиљас му понудил двегодишен договор вреден пет милиони евра, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

„Порто и Икер се договорија. Тој е среќен со понудените услови“, рекол менаџерот Сантос Маркес.

Касиљас е играч со најмногу настапи за шпанската репрезентација, а во Реал е од 1990 година. За ‘кралскиот клуб’ има одиграно преку 700 натпревари, освои 18 трофеи од кои три во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП