19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена и Мугуруса во финалето на Вимблдон

Серена и Мугуруса во финалето на Вимблдон

serena-mugurusa-fin

Гарбиње Мугуруса и Серена Вилијамс ќе играат во финалето на третиот сезонски Грен слем турнир-Вимблдон.

Шпанката Мугуруса до пласман во своето прво Грен слем финале стигна со победата над Агњешка Радванска од 2:1 (6:2, 3:6, 6:3), по речиси два часа игра.

Противничка на Мугуруса во финалето ќе и биде Серена Вилијамс која во два сета (6:2, 6:4) славеше над Марија Шарапова.

Серена ја забележа 17-та последователна победа во дуелите со Шарапова, таа се избори за своето осмо финале во Вимблдон, во кое ќе се обиде да ја освои шестата титула.

Американката која во кариерата има 20 титули од Грен слем турнирите, доколку слави во финалето, ќе стане првата тенисерка по Штефи Граф во 1988 година која во ист период е сопственичка на четирите најголеми титули во светот на тенисот.

Серена ќе ја брани титулата на УС Опен, а оваа сезона веќе победи на Австралија Опен и на Ролан Гарос.

Финалниот меч на програмата е в сабота од 15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП