ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Реал од А групата ја започнува одбраната на титулата

Евролига: Реал од А групата ја започнува одбраната на титулата

basket rm

Кошаркарите на мадридски Реал одбраната на титулата во Евролигата ќе ја започнат во А групата, каде за противници ќе ги имаат Фенербахче, Химки, Црвена ѕвезда, Баерн и Стразбур.

Во седиштето на Евролигата во Барселона, денеска беа извлечени четири групи за новата сезона 2015/2016 во Евролигата.

А група: Реал Мадрид, Фенербахче, Химки, Црвена ѕвезда, Баерн Минхен, Старзбур

Б група: Олимпијакос, Анадолу Ефес, Лаборал Куча, Армани Милано, Цедевита, Лимож

Ц група: Барселона, Панатинаикос, Локомотив Кубан, Жалгирис, Пинар Каршијака, Зјелона Гора

Д група: ЦСКА Москва, Макаби, Уникаха, Бамберг, Дарушафака, Динамо Сасари

Пласман во Топ 16 фазата ќе изборат по четири екипи од секоја група, додека преостанатите осум ќе ги продолжат натпреварите во Еврокупот.