6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтерлинг ќе остане, доколку Роџерс си оди

Стерлинг ќе остане, доколку Роџерс си оди

sterling rodzers

Фудбалскиот репрезентативец на Англија, Рахим Стерлинг, ќе остане во Ливерпул под услов менаџерот Брендан Роџерс да го напушти клубот, пренесува Mirror.

Стерлинг му бил на лут на Роџерс, бидејќи го прекршил ветувањето и во јавноста ги изнел деталите од разговорот чија тема била продолжувањето на договорот на 20-годишниот напаѓач и интересот на Манчестер Сити.

Младиот играч по објавувањето на интересот на Манчестер Сити, стана цел на навивачите и добил околу 2.000 заканувачки пораки.

Стерлинг минатата седмица му соопшти на клубот дека нема да патува на турнејата во Австралија и југоисточна Азија и дека не сака да игра за Ливерпул додека менаџер е Роџерс.

Рахим Стерлинг во Ливерпул пристигна во 2011-та година, а минатата сезона за „црвените“ одигра 47 натпревари и постигна 11 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП