28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦел живот ја фрлате кората од лубеница не знаејќи колку е корисна

Цел живот ја фрлате кората од лубеница не знаејќи колку е корисна

watermelon

Повеќето луѓе кората од лубеницата ја фрлаат во ѓубре откако ќе го изедат сочниот дел, не знаејќи дека токму кората е најздравиот дел од ова овошје.

Додека уживаме во сочниот дел, забораваме на кората. Тука грешиме бидејќи не ги искористуваме сите лековити својства на ова овошје.

Во овој дел од лубеницата има Б и Ц витамин, па наместо во нашиот организам, овие материи завршуваат во канта за отпадоци.

Покрај овие витамини, кората од лубеницата, како што покажуваат научните истражувања, содржи и голема количина на цитрулин, аминокиселина која е многу здрава. Цитрулинот се претвора во аргинин, кој е многу значителен за здравјето на срцето и циркулацијата.

Следниот пат искористете ја и кората, најпрво добро измијте ја, а потоа ставете ја во блендер и додадете ја во вашиот омилен пијалок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП