21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВитсел сака да оди во Милан, се чека одговорот на Зенит

Витсел сака да оди во Милан, се чека одговорот на Зенит

vitsel aksel

Менаџерот на фудбалерот на Зенит Аксел Витсел ,тврди дека неговиот клиент ја прифатил понудата на Милан и дека останува клубовите да се договорат околу трансферната сума.

Според менаџерот Рикардо Наполитано, Милан бил подготвен за Белгиецот да плати 20 милиони евра, додека Русите бараат 30 милиони евра за овој играч за кого во 2012-та година на Бенфика и платија 40 милиони евра.

„Витсел на почетокот не беше одушевен од понудата на Милан, бидејќи сакаше да оди во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но луѓето од Милано беа упорни и тој на крајот се согласи со понудените услови. Милан е подготвен да издвои 20, додека Русите бараат 30 до 35 милиони евра“, рекол Наполитано.

Витсел минатата сезона постигна четири гола за Зенит во руската Премиерлига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП