5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏордан се премисли ќе остане во ЛА Клиперс

Џордан се премисли ќе остане во ЛА Клиперс

klipers jordan

Центарот на ЛА Клиперс Деандре Џордан реши да остане во клубот иако претходно ја прифатил понудата на Далас Маверикс.

Еден од најбараните слободни агенти во НБА минатата недела ја прифати понудата на Далас (80 милиони долари за четири години) но се испостави дека само сакал да ги натера Клиперси да ја подобрат својата понуда.

Челниците на ЛА Клиперс најпосле решија на центарот да му понудат петгодишен договор вреден 110 милиони долари.

Колку Клиперси сакаа Џордан да остане во тимот говори и информацијата на американските медиуми дека раководството ги испратило првите ѕвезди на тимот Крис Пол и Блејк Грифин, како и тренерот Док Риверс за да го убедат да не се сели во Далас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП