3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДве бронзи за каратистите на Светскиот куп

Две бронзи за каратистите на Светскиот куп

kata mk

Две бронзи освоија ката репрезентативците на Македонија на Светскиот куп за кадети,  јуниори и јуниори до 21 година кој се одржа во Умаг, Хрватска.

Медалите за Македонија ги освоија Фери Исиќ и Маријана Димоска, додека нејзината сестра близначка Мишела Димоска заврши на четвртата позиција.

Кадетката Киријана Камческа наместо пласман во финалето била дисквалификувана бидејќи по завршетокот на катата заборавила да им се поклони на судиите.

На Светскиот куп во Умаг настапија 700 каратисти од 45 земји меѓу кои Хонг Конг, Австралија, Кина, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Кувајт, Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП