18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролигашите ја одбија ФИБА

Евролигашите ја одбија ФИБА

euroliga-fiba

Клубовите кои се косопственици на кошаркарската Евролига, станува збор за 11 екипи кои имаат А лиценца, го одбиле предлогот на ФИБА оваа организација да го прземе натпреварувањето и да го смени неговиот формат.

Евролигашите на ФИБА и порачале дека сакаат самите да одлучуваат за својата иднина и најавиле основање на комисија која ќе го разгледа предлогот на ФИБА и разговори со челниците на организацијата кои би започнале од 1.ноември.

Соопштението е потпишано од чениците на Анадолу Ефес, Барселона, Фенербахче, Макаби, Олимпијакос, Олимпија Милано, Панатинаикос, ЦСКА, Реал, Лаборал Куча и Жалгирис.

„Петнаесет години по основањето на Евролигата констатираме дека клубовите остануваат база и основа за сите кошаркарски активности шитум светот. Оверени сме дека клубовите мора да ја задржат сопственоста над натпреварувањето и не сме подготвени да се откажеме од она што преставува клуч за напредок на европското натпреварување во тој период“, се наведува во соопштението кое е упатено до претседателот на ФИБА Ораси Мураторе.

Според замислата на ФИБА во новата Евролига би играле 16 екипи, осум сопственици на А лиценцата (Ефес, Фенер, Реал, Барса, ПАО, Олимпијакос, ЦСКА, Макаби), четири места би добиле шампионите на Италија, Германија, Франција и Литванија, а преостанатите места би ги пополниле квалификанти.

„Ја користиме оваа прилика да изнесеме барањето и да ве известиме дека секоја наредна дискусија во врска со европските клупски натпреварувања ќе се обавува во присуство на сите нас. Ќе оформиме комитет кој ќе ги преставува клубовите и челниците на Евролигата во овие разговори. Потребни ни се неколку месеци за да го анализираме предлогот. Ќе бидеме подготвени да се сретнеме на 1.ноември. На тој состанок ние ќе бидеме единствени“, истакнуваат евролигашите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП