18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарвахал во Реал до 2020-та година

Карвахал во Реал до 2020-та година

carvajal-real-madrid (1)

Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2020-та година, потврди клубот на својата интернет страница.

Карвахал решил да ја продолжи соработката со Реал иако според медиумите бил блиску до заминување, особено по доаѓањето на Бразилецот Данило од Порто.

Десниот бек во кариерата настапувал за младинските тимови на Реал, во 2012-та година играше во Бундеслигата во Баер Леверкузен, а поради добрите игри Реал во 20103-та година реши да го врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Изминатите две сезони Карвахал одиграл 87 натпревари, постигнал два гола и имал осум асистенции.

Како играч на Реал во 2014-та година ја освои Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП