
Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервалед го официјализираше трансферот во Тотенхем.


Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервалед го официјализираше трансферот во Тотенхем.
Доскорешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, кој минатата сезона ја мина во Саутемптон, потпишал договор до 2020-та година, а вредноста на трансферот изнесува 11,5 милиони фунти.
„Задоволен сум што станав фудбалер на Тотенхем. Од почетокот знаев многу за клубот поради моите сонародници Чадли, Дембеле и Вертонген“, изјавил 26-годишниот дефанзивец.
Алдервалед кој во кариерата бил играч и на Ајакс за белгиската репрезентација има одиграно 47 натпревари.