18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБудимпешта се кандидира за домаќин на ЛОИ 2024

Будимпешта се кандидира за домаќин на ЛОИ 2024

budi loi

Градот Будимпешта и Олимпискиот комитет на Унгарија официјално ја објавија кандидатурата за организација на Олимписките игри кои ќе се одржат во 2024-та година. Претходно свои кандидатури доставија Бостон, Париз, Рим и Хамбург.

Градоначалникот на Будимпешта и претседателот на Олимпискиот комитет на Унгарија, Иштван Тарлош и Жолт Боркаи со писмо го известиле првиот човек на МОК, Жак Рог, за намерите „да учествуваат во натпреварувањето“ за Игрите во 2024-та година.

Рокот за доставување на кандидатури е 15-ти септември, а МОК името на домаќинот ќе го соопшти во 2017-ма година.

Летнните олимписки игри во 2016-та година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а четири години подоцна во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП