20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкотланѓанец ќе го суди Суперкуп натпреварот

Шкотланѓанец ќе го суди Суперкуп натпреварот

977194265

Шкотскиот арбитар Вили Колум ќе го суди натпреварот во Суперкупот помеѓу Барселона и Севилја објави Европската фудбалска унија (УЕФА). Натпреварот ќе се одигра на 11.август во грузиската престолнина Тбилиси.

Барселона сезонава ја освои Лигата на шампионите со победата над Јувентус (3:1), додека Севилја триумфираше во Лига Европа, во финалето андалузискиот тим славеше над Дњипро (3:2).

Инаку и минатата сезона во Суперкупот играа две шпански екипи, Реал и Севилја.

Барселона рекордни деветти пат ќе се бори за трофејот во Суперкупот, во досегашните осум усчества Каталонците имаат освоено четири титули. Доколку Барса слави над Севилја ќе го освои петтиот трофеј и на вечната листа ќе се израмни со Милан.

Од друга страна Севилја има еден трофеј во Суперкупот, во 2006 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП