17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолд Куп: САД славеа над Хондурас

Голд Куп: САД славеа над Хондурас

USP SOCCER: GOLD CUP-USA VS HON/GUF S SOC USA TX

Ноќта меѓу вторникот и средата започна 23-от Голд Куп, натпреварување во кое учествуваат фудбалските репрезентации од Северна и Средна Америка. Турнирот заеднички го организираат САД и Канада.

Натпреварите на Голд Купот беа отворени со дуелот меѓу Панама и Хаити на „Тојота“ стадионот во Тексас кој заврши без победник 1:1. Панама поведе со голот на Алберто Квинтеро во 56. минута, а Хаити израмни на четири минути со голот кој по соло акција го постигна Сони Хорде.

Репрезентацијата на САД, која го брани трофејот, не се прослави на отворањето, но со двата гола на Клинт Демпси успеа да слави над Хондурас со 2:1. Почесниот гол за Хондурас го постигна Карлос Диску.

Голд Купот ќе продолжи со воведните средни во Б групата, ноќта меѓу среда и четврток ќе играат, Костарика – Јамајка и Канада – Ел Салвадор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП