19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразил не го сакал Гвардиола за селектор

Бразил не го сакал Гвардиола за селектор

_84135993_pep_getty

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвес тврди дека челниците на Бразилскиот фудбалски сојуз не сакале да го ангажираат Пеп Гвардиола за селектор. Десниот бек рекол дека неговиот поранешен тренер ја посакувал селекторската функција во 2012 година.

Бразилскиот сојуз се реши да го именува за селектор не Гвардиола туку Луис Фелипе Сколари човекот кој во 2002 година му ја донесе на Бразил светската титула. Сколари во 2013 го освои Купот на Конфедерации, но една година подоцна доживеа дебакл на Мундијалот со полуфиналниот пораз од Германија (1:7).

„Пред Мундијалот Пеп сакаше да го предводи Бразил, но тие не беа заинтересирани. Ми кажа дека сака да не направи најдобри во светот, дека има испланирана стратегија, но тие не го сакаа. Рекоа дека не знаат како ќе бил прифатен од Бразилците, но доколку не сакаш некого кој е најдобар на светот, покрај кого можеш да станеш подобар, тогаш не си заинтересиран за успехот на репрезентацијата“, рекол Алвес.

„Тој е најдобриот тренер, тој донесе револуција во фудбалот. Имавме шанса да го донесеме без да потрошиме големи пари. Тој бараше пари само во случај на успех. Како можеш да пропуштиш таква шанса?“, се прашува Алвес.

По дебаклот на СП, Сколари на селекторската функција го наследи Карлос Дунга, но ниту тој не успеа да го врати Бразил на победничките патеки. Бразил на Копа Америка испадна во четвртфиналето од Парагвај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП