
Фудбалерите на Линколн Редс Импс од Гибралтар забележаа историска победа во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.


Фудбалерите на Линколн Редс Импс од Гибралтар забележаа историска победа во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Линколн со пресврт славеше над Санта Колома во Андора со 2:1 и се пласираше во второто квалификациско коло во ЛШ.
Првиот меч во Гибралтар заврши со резултат 0:0, а во реваншот екипата од Андора стигна до предност со голот на Лима. Историскиот триумф на Линколн му го донесоа Брендон и Касријаро со головите постигнати во последната четвртина од натпреварот.
Линколн во второто квалификациско коло ќе игра против данскиот шампион Митјиланд.
ЛШ, прво квалификациско коло:
Левадија (Естонија)-Крусадерс (С.Ирска) 1:1, прв меч 0:0
Њу Сејнтс (Велс)-Б36 Торшавн (Ф.Острови) 4:1, прв меч 2:1
Санта Колома (Андора)-Линколн (Гибралтар) 1:2, прв меч 0:0
Фолгоре (Сан Амрино)-Пјуник (Ерменија) 1:2, прв меч 1:2.