20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудоста продолжува - 82 милиони евра за Милер!?

Лудоста продолжува – 82 милиони евра за Милер!?

tomas miler 333

Популарниот информативен портал во Германија, „Sport1.de“ излезе со ексклузивна вест дека претстои мегапонуда од страна на Манчестер Јунајтед за напаѓачот на Баерн (Минхен), Томас Милер.

Споменатата сума е 82 милиони евра. Сето ова доаѓа неколку часа откако изданијата во Европа го цитираа „Bild“ за друга потенцијална зделка помеѓу двата клуба, вклучувајќи ги Милер и Ариен Робен за Анхел ди Марија.

Според „Sport1.de“, менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал е убеден дека вреди да ги „фрли“ колосалните 82 милиони евра за голгетерот на баварците, кој беше во неговиот тим, кога Холанѓанецот ја освои двојната титула додека го предводеше тимот од Минхен во 2010-та година.

Гласините за интерес кон Милер и неговото евентуално заминување дојдоа, откако стана јасно дека имал жесток дуел со Пеп Гвардиола за време на еден од тренинзите на шампионот.

Инаку, германскиот репрезентативец со баварците има договор за уште четири сезони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП