19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДармијан во Јунајтед за 20 милиони евра

Дармијан во Јунајтед за 20 милиони евра

mateo dermian

Манчестер Јунајтед е блиску до реализација на трансферот на италијанскиот репрезентативец од редовите на Торино, Матео Дармијан. „Црвените ѓаволи“ на Торино за услугите на 25-годишниот десен бек ќе треба да му платат 20 милиони евра.

Како што пренесуваат англиските и италијанските медиуми, извршниот директор на Јунајтед ги договорил личните услови со фудбалерот, кој се согласил на неделна плата од 42.000 евра, додека Торино веднаш ќе добие 18 милиони евра.

Претседателот на Торино Урбано Каиро претходно потврди дека за Дармиен во клубот пристигнале три понуди и дека тој сигурно ќе го напушти клубот во овој преоден рок.

Дармијан ќе биде второто засилување за Манчестер Јунајтед, откако во клубот веќе пристигна талентираниот Холанѓанец Мемфис Депај од ПСВ Ајндховен за 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП