29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона не планира летово да го купи Погба

Барселона не планира летово да го купи Погба

pogi

Претседателот на Барселона, Џосеп Бартомеу, рекол дека клубот нема во овој преоден рок да го ангажира играчот на Јувентус, Пол Погба.

Европскиот шампион има забрана за трансфери се до јануари 2016-та година, но во преговорите кои минатата недела ги воделе претставници на двата клуба од Барселона се обиделе да ги убедат колегите да склучат договор според кој Погба во Каталонија би се преселил на „Ноу Камп“ наредното лето.

Барселона за трансферот на францускиот репрезентативец понудила 80 милиони евра, сума која преставниците на Јувентус ја одбиле. Нова понуда Барселона ќе испрати во јануари.

„Нема да го купиме Погба ова лето. Тој во овој момент не се наоѓа во нашите планови за наредната сезона“, рекол Бартомеу.

Инаку, во понеделникот, првиот човек на Јувентус Андреа Ањели навести дека Погба би можел да замине во овој преоден рок, а за неговите услуги се заинтересирани ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП