5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер остана без една од титулите поради неплатена такса

Мејведер остана без една од титулите поради неплатена такса

flojdce 33

Американскиот боксер Флојд Мејведер остана без титулата во полусредна категорија на Светската боксерска организација (WBO), која ја освои претходно во оваа година во „натпреварот на векот“ против Филипинецот Мани Пакијао.

Причината за одлуката на „WBO“ е дека Американецот го пропуштил рокот во кој морал да плати такса од 200.000 долари и така да ја потврди титулата во лесна-полутежка категорија на истата организација, која исто така ја има во моментов.

Според правилникот на организацијата, боксер нема право да ги држи титулите во различни категории и треба да соопшти кој титула сака да ги задржи. Американецот требало да ја донесе оваа одлука до петок, но на крајот не го направил, што значи дека титулата во полусредна категорија оди во рацете на Американецот Тимоти Бредли.

„Немаме друга алтернатива освен да престанеме да го припознаеме Флојд Мејведер како шампион во полусредна категорија“, изјавија од „WBO“ во официјално соопштение.

Мејведер има право да поднесе жалба на одлуката до 20-ти јули, иако е многу веројатно да не го стори тоа, бидејќи по натпреварот со Пакијао објави дека ќе се откаже од сите свои титули, за да им остави пат на младите боксери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП