6 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.07.2015

Дневен хороскоп 07.07.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете разочарани од некој ваш близок, кој наместо да ви помогне после побараната помош, само ќе ви направи уште поголем хаос во мислите. Можеби е време да се потпрете на себе и да ги преземете работите во свои раце.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес инстинктивно ќе знаете како да постапите во одредени моменти, посебно во кризни ситуации. Ќе имате повторно можност да искористите некаква шанса за која претходно сте немале храброст. Зграбите ги сите можности кои ви ги нуди животот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес е поволен ден за релаксација. Отидете на некој спа третман, или масажа, добро ќе ви дојде и ќе бидете изненадени од тоа како вашето расположение значително ќе се подобри. Вечерта искористете ја за добра забава и ширење познанства.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ако некој проба да ве искритикува, немојте да се плашите да се одбраните. Другите луѓе не се плашат да ви го кажат она што го мислат, па зошто вие би се плашеле. Бидете искрени со својот партнер и не кријте тајни од него.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некој ваш пријател веќе некое време има одредени чувства кон вас, а денес можеби и ќе ви го признае тоа. Размислете добро за тоа и доколку вие немате чувства за него, кажете му го тоа. Живото нема реприза, па затоа уживајте во секој момент.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес е идеален ден за рекреација, а вие и онака имате многу идеи. Во попладневните часови ве очекува излив на емоции, па затоа немојте да донесувате важни одлуки, бидејќи подоцна ќе се каете за направеното.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес очекувајте разговор со некоја пријател кој ќе ви ги отвори очите во врска со некоја заблуда која сте ја имале. Немојте да се навредите и размислете двапати дали е во право. Во последните часови ќе ви изјави љубов некоја личност од која нема да очекувате.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе бидете супер расположени, а сите околу вас ќе го приметат тоа. Доколку во вечерните часови добиете понуда да излезете, не двоумете се, прифатете ја веднаш, можеби ве очекува некое изненадување. Ве очекуваат пари, без разлика дали се работи за некој подарок, бонус, или враќање на некаков долг.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашите психички способности, мечтаењето и интуицијата, ќе бидат на највисоко ниво. Водете сметка за тоа колку сте добри со луѓето, бидејќи некои луѓе едноставно не ја заслужуваат таа добрина која им ја подарувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес е совршен ден за опуштање и романтика. Не мислете на ништо друго освен на вашиот партнер и приредете му едно изненадување кое ќе го памети. Во вечерните часови вашиот мозок може да биде напнат, па затоа најдете некое решение за да се опуштите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Веројатно денес ќе бидете преокупирани со некој светски проблем, како што е гладта или загаденоста во околината. Прифатете го фактот дека не можете да го спасите светот и опуштете се. Проблемите кои не се лично ваши ви ја крадат енергијата, ослободете се од нив.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе се чувстувате посебно емотивно, па ќе сакате да го поминете денот со личност која е блиска до вашето срце. Тоа е супер, бидејќи денес повеќето од вашите пријатели немаат планови, па можете да отидете на кафе или пак на ручек во природа со партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП