19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрда Туран во Барселона

Арда Туран во Барселона

_84093249_arda_turan_ap_body

Фудбалскиот клуб Барселона го комплетира трансферот на Турчинот Арда Туран од Атлетико Мадрид.

Туран потпишал петгодишен договор кој вреди 41 милиони евра. Во договорот е вметната клаузула дека тој може да се врати во Атлетико доколку Каталонците се премислат. Во тој случај тимот од Мадрид ќе задржи 10 отсто од трансферот.

Барселона на Атлетико веднаш ќе му исплати 34 милиони евра, додека преостанатите седум ќе бидат исплатени во зависност од учинокот на Арда Туран во редовите на Барса.

Играчот кој за репрезентацијата на Турција има одиграно 81 натпревар, во Барселона пристигна на барање на тренерот на Барселона Луис Енрике.

Арда Туран за Барселона ќе може да дебитира во јануари следната година, бидејќи Каталонците сеуште се наоѓаат под суспензија и не смеат да регистрираат фудбалери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП