17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарично наградени „бронзените“ од Баку

Парично наградени „бронзените“ од Баку

mok 003

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски, на свеченоста која се одржа денеска им ги додели паричните награди на освојувачите на медали на првите Европски игри, кои се одржаа во Баку.

Македонија на ЕИ во Баку освои два бронзени медала и двата во карате. За освоените медали парични награди од по 1.500 евра добија Емил Павлов и Мартин Несторовски.

На двајцата каратисти и на нивниот селектор Петар Белистојановски од страна на МОК, им беа доделени и слики со нивна акција од борбите во кои тие го освоија бронзениот медал.

По тој повод Емил Павлов и Мартин Несторовски изразија голема благодарност до МОК, надевајќи се дека каратето ќе стане олимписки спорт на ЛОИ Токио 2020-та и дека токму тие ќе бидат носители на олимписки медал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП