17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарк Гасол нема да игра на ЕП

Марк Гасол нема да игра на ЕП

mark gasol 00

Марк Гасол нема да го носи дресот на шпанската репрезентација на Европското првенство, пренесе Marca.

Истиот извор пренесува дека помладиот од браќата Гасол решил ова лето да го искористи за одмор и да ги прескокне обврските со репрезентацијата, а својата одлука ќе ја соопшти во вторник на прес конференција.

Во ценатрската линија шпанскиот селектор Серџо Скариоло ги има Пау Гасол, Виктор Клавер, Фелипе Рејес и Никола Миротиќ.

Марк Гасол (30) е еден од најдобрите центри во НБА лигата, тој од 2008-ма година е во Мемфис, а минатата недела потпиша нов петгодишен договор „тежок“ 108 милиони долари.

Гасол е двократен Ол Стар, а во 2013-та година беше избран прогласен за дефанзивец во НБА лигата.

Шпанија не Европското првенство ќе игра во група со Србија, Германија, Италија, Турција и Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП