19 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМалинков: Со малку среќа до успех на ЕП

Малинков: Со малку среќа до успех на ЕП

malinkovkovkov

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, во вторник, заминува за Унгарија каде од 9 до 19 јули ќе учествува на Европското првенство Б дивизија во Секешфехервар.

Младите македонски кошаркари, во првата фаза, ќе се натпреваруваат во Ц групата за едно со Белорусија, Ерменија и Швајцарија. Првиот натпревар младинците ќе го одиграат на 9-ти јули против Белорусија, два дена противник ќе им биде Ерменија, а на 13-ти јули ќе играат против Швајцарија.

„Од премиерата со Белорусија ќе зависат многу работи. Групата не ни е толку силна, очекувам да ја минеме првата фаза, да се пласираме во следната рунда, и со малку среќа можеме да оствариме значаен успех. Репрезентацијата има капацитет за пласман во А дивизијата. Со три победи во првата фаза, би биле многу блиску до пласман во полуфиналето“, истакна селекторот Љупчо Малинков.

Според системот на натпреварување, во следната фаза ќе учествуваат двете првопласирани селекции од секоја од четирите групи. Во следната фаза водечките две селекции од групата Ц се вкрстуваат со најдобрите репрезентации од групата Д во која играат тимовите на домаќинот Унгарија, Словачка, Молдавија, Шведска и Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП