3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКими заминува од Ферари!?

Кими заминува од Ферари!?

kimi 3

Од Ферари покажуваат сериозен интерес за Валтери Ботас, кој во моментов вози за тимот на Вилијамс. Ова дополнително ги зајакнува гласините за разделба со Кими Раиконен.

Шефот на Ферари Маурицио Аривабене коментираше за медиумите дека треба да се даде потребното спокојство на финскиот пилот на тимот.

Претставниците на Ферари уште еднаш одбија да коментираат за иднината на пилотот во Скудерија, кој може да го напушти тимот на крајот на сезоната.

„Не сакам да зборувам за иднината на Кими. До крајот на сезоната има уште 10 натпревари, а ние ќе донесеме одлука, кога ќе дојде време. Уште по трката во Бахреин коментираат дека не е добро да му вршиме притисок. Замислете дека тој седи во болидот и треба да вози со 300 км/ч, а на страна се водат разговори за неговата иднина во тимот“, изјави Аривабене.

„Сега сакам да кажам дека Кими треба да е спокоен и да си ја врши работата, нема да коментираме за неговиот договор. Имаме двајца одлични пилоти. Иднината на Кими е во неговите раце, и пред тоа сум го кажувал истото. Кога ќе треба ќе ви ја кажеме одлуката“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП