18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛу Вилијамс и Брендон Бас во ЛА Лејкерс

Лу Вилијамс и Брендон Бас во ЛА Лејкерс

la zasiluvanja

ЛА Лејкерс, една од најславните франшизи во НБА лигата, објави дека клубот ќе ги ангажира Лу Вилијамс и Брендон Бас.

Вилијамс минатата сезона во дресот на Торонто имaше просечен учинок од 15,5 поени што му го донесе признанието за најдобар шести играч во лигата. Тој беше еден од најзаслужните што Торонто минатата сезона забележа 49 победи, што претставува клупски рекорд.

Бас, пак, во дресот на Бостон просечно по натпревар имаше по 10,6 поени.

Договорите со овие двајца играчи не можат да бидат потпишани до четврток, но генералниот менаџер на „езерџиите“, Мик Купчак, рекол дека клубот успешно ги завршил преговорите.

Тимот од Лос Анџелес ќе се засили и на центарската позиција со Рој Хиберт од Индијана Пејсерс. Лејкерси од Индијана ќе го преземат договорот на Хиберт кој изнесува 15,5 милиони долари.

Лејкерси, исто така, ќе го потпишат и вториот пик од годинешниот драфт, бекот од Охајо Стејт Д’Анџело Расел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП